Европски ФудбалФудбал

Барселона испрати понуда од 40 милиони евра за новото чудо од Ред Бул Салцбург

Младиот Германец со нигериско потекло Карим Адејеми игра феноменално оваа сезона, а стана една од главните млади ѕвезди на европскиот фудбал.

Брилијантниот Адејеми во дресот на Ред Бул Салцбург за кој на 25 натпревари постигна 15 гола и забележа две асистенции и секако тоа го привлече вниманието на великаните. Јасно е дека Салцбург има ново чудо во себе по Халанд и Дака.

Европските медиуми денеска објавија дека Барселона веќе испратила понуда од 40 милиони евра на адреса на австрискиот клуб за брзоногиот напаѓач, кој може да ги покрие позициите на двете крила.

Претходно се зборуваше дека Салцбург нема да го пушти Адејеми под 35 или 40 милиони евра, а Барселона со оваа понуда го исполни тој услов, па може да се очекува Адејеми да пристигне на „Камп Ноу“ во јануари.

Единствениот проблем можеби е конкуренцијата, бидејќи 19-годишниот Адејеми, се разбира, го сака и ПСЖ, Баерн, Дортмунд и Ливерпул.

Адејеми одреден период беше во академијата на Баерн Минхен, но Баварците останаа без него, бидејќи беше преземен од Салцбург…

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!