Европски ФудбалФудбал

Барса не смее да го користи на повеќе од девет натпревари: За Кутињо може да пропадне сезоната

Фелипе Кутињо, еден од најскапите фудбалери на сите времиња, би можел да изгуби цела или скоро цела наредна сезона, доколку не ги напушти редовите на Барселона.

Бразилецот се приклучи во редовите на Каталонците во 2018 година од Ливерпул за дури 135 милиони евра, но во трансферот се вклучени и бонуси, поради што таа бројка може да порасне уште повеќе.

„АС“ пишува дека во случај Кутињо да одигра уште 10 натпревари за каталонскиот клуб, Барселона ќе мора да му плати на Ливерпул уште 20 милиони евра.

Барселона е во проблеми поради долгови и сигурно не им треба 20 милиони скок за играч на кој не сметаат, па затоа нема да го користат повеќе од девет натпревари следната сезона доколку не успеат да го продадат.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!