Европски ФудбалФудбал

Барса најде замена за Агуеро: Артур Кабрал пристигнува во јануари

Каталонски „Спорт“ пишува дека Барселона во голема мера е во преговори со Базел за Бразилецот Артур Кабрал да се пресели на „Ноу Камп“ во јануарскиот преоден рок.

Прославениот аргентински напаѓач Серхио Агуеро оваа сезона практично не играше во Примера, а поради проблеми со срцето мораше да ја заврши кариерата. Барселона се најде во неволја, но според медиумите блиски до клубот, неговото место наскоро би можел да го заземе Бразилецот Артур Кабрал.

Станува збор за 23-годишен напаѓач на Базел кој игра во одлична форма откако швајцарскиот клуб го откупи неговиот договор од Палмеирас минатата година. Артур Кабрал прво играше на едногодишна позајмица и постигна 14 гола на 26 првенствени натпревари. Во меѓувреме во дресот на Базел на 56 првенствени натпревари постигна 42 гола.

Кабрал е под договор само до 2023 година, па би можел да биде достапен по прифатлива цена за Барселона. Познато е дека Каталонците не се во добра финансиска состојба.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!