Европски ФудбалФудбал

Барса го испраќа Алба во Интер, на „Камп Ноу“ пристигнува Брозовиќ !?

Договорот на Брозовиќ истекува следното лето, а Интер нема пари за трансфери од Барселона, па тоа би можело да го испрати Хрватот на „Камп Ноу“.

Милански Интер сака да го донесе во своите редови левиот бек на Барселона, Жорди Алба. Тоа е вест која беше објавена во средата, но во четвртокот се појави друга вест поврзана со хрватскиот репрезентативец.

Иако првото споменато име што може да се вклучи во договорот за размена на играчи е тоа на Алесандро Бастони, а во целата ова приказна се споменува и хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ. Бидејќи, доколку Барселона не се согласи да го замени Алба за Бастони, каталонскиот гигант би прифатил таква размена на играчи во случајот со 28-годишниот Хрват кој е играч за врска.

Сепак, Барселона е заинтересирана и за Милан Шкринијар, но и за Лаутаро Мартинез, така што целата приказна за можен трансфер на Брозовиќ е прилично тенка. Но, вие ја знаете онаа – „каде што има чад, има и оган“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!