ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Барди: Се чувствувам одлично, го живееме сонот, Македонија покажа колку вреди!

Најубавата вест која ја добивме пред почетокот на Европско првенство беше дека Енис Барди доби негативен тест на Ковид-19 и ќе игра на ЕП за македонската репрезентација.

Нашите фудбалери вчера пристигнаа во Букурешт и го одработија првиот тренинг на романско тло во текот на вчерашниот ден.

Енис Барди вели дека се чувствува одлично и дека цел свет ќе дознае дека во Македонија се игра одличен фудбал.

„Се чувствувам одлично. Едвај чекаме да почне првенството. Го живееме сонот. Македонија покажа дека вреди. Цел свет ќе дознае дека во Македонија се игра одличен фудбал“, вели Барди.

ДА НАВИВАМ ЗА МАКЕДОНИЈА СО „АЛЕ, АЛЕ МАКЕДОНИЈА“, НАВИВАЧКА ХИМНА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ЗА ЕВРО 2020

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!