Бараж за Втора лига: Вардар против Караорман, Овче Поле налета на Арсими

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за бараж натпреварите за Втората македонска фудбалска лига. Во битката за пополнување на последните две второлигашки места, силите ќе ги одмерат третолигашките шампиони од четирите региони.
- Двојки за второлигашкиот бараж:
Вардар Неготино – Караорман
Овче Поле – Арсими
Мечот меѓу Вардар Неготино и Караорман се игра на стадинот „Борис Трајковски“ Маџари со почеток од 17:00 часот во среда, додека пак Овче Поле и Арсими ќе играат на стадионот во Ѓорче Петров, исто така од 17:00 часот во среда, како што најави Спортска Мрежа пред неколку денови.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Колку за потсетување екипата на Вардар Неготино е шампион на Трета лига – Југ, Овче Поле е шампион на Трета лига – Исток, Караорман е шампион во Трета лига – Југозапад, додека пак Арсими е шампион на Трета лига – Запад.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро