ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Бараж за ПМФЛ: Воска против Тиквеш, Скопје оди на Беласица

Денес во просториите на Фудбалската репрезентација на Македонија, се одржа ждрепката за бараж за Првата македонска фудбалска лига.

Скопје и Тиквеш ќе бркаат опстанок, а пак Воска Спорт и Беласица прволигашки статус.

Ждрепката посака Тиквеш да се соочи со амбициозната Воска од Охрид, а пак Скопје со струмичка Беласица.

Ќе се одигра по еден натпревар, победникот следната сезона ќе игра во ПМФЛ, а поразениот во ВМФЛ. Натпреварот се игра на 22. мај (недела) од 17:00 часот.

Воска и Тиквеш ќе играат на “Гоце Делчев” во Прилеп, а пак Беласица и Скопје на Градскиот стадион во Штип.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!