ФудбалФудбал - Четврта Лига
Бараж натпревари за шампион во Општинска фудбалска лига – Охрид

На Стадионот со вештачка трева во Охрид в сабота и недела ќе се одиграат бараж натпреварите за шампион во Општинската фудбалска лига – Охрид.
В сабота со почеток од 17:00 часот силите ќе ги одмерат екипите на Слатино и Св. Троица 2021. В недела во ист термин од 17:00 часот, ќе се соочат Св. Троица ЦГ и Славеј Мемеишта.
Победниците од двата натпревари ќе играат финален меч за шампион на ОФЛ – Охрид. Финалето е закажано за 5. јуни со почеток од 17:00 часот.