ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Бараж меѓу Воска, Фортуна и Беса – кои две екипи ќе одат во Втора лига – Запад ?

Во Втората лига – Запад остануваат две слободни места кои треба да бидат пополнети преку бараж натпревари меѓу екипите на Воска, Фортуна и Беса. Овие три екипи се шампионите во Трета лига – Југозапад, Север и Запад.

Во Втората лига – Запад следната сезона ќе играт Силекс, Вардар, Охрид, Велешта, Гостивар, Кораби, Кадино и Тетекс, а ќе бидат пополнети двете празни места преку бараж натпревари меѓу Воска, Фортуна и Беса.

Воска во Третата лига – Југозапад одигра 20 натпревари и запиша 18 победи и две ремија. Екипата на Беса, исто така, во Третата лига – Запад е непоразена. Фудбалерите на Беса одиграа 14 натпревари и запишаа 13 победни и едно реми. Во Третата лига – Север, екипата на Фортуна одигра 19 натпревари и постигна скор од 17 победи и два порази.

Засега, сѐ уште нема официјални информации кога точно ќе биде одигран бараж натпреварот, иако, неофицијално истиот би требало да биде завршен пред почетокот на Европското првенство.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!