Европски ФудбалФудбал

Бараат повеќе пари: Борусија одби огромна понуда од Јунајтед за Санчо

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд во летниот преоден рок.

Овој 21-годишник долго време се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ дадоа официјална понуда за англискиот репрезентативец.

Екипата од „Олд Трафорд“ понуди 78 милиони евра за Санчо, но Борусија ја одби оваа понуда и бара повеќе пари.

За услугите на одличен офанзивен играч, тимот од Дортмунд бара вкупно 95 милиони евра и парите да бидат исплатени за пократок период отколку што Јунајтед побара да ги исплати парите на рати во следните пет години.

Сепак, се очекува многу бргу да се постигне договор меѓу Борусија и Јунајтед, а Санчо очигледно ќе го гледаме на „Олд Трафорд“ од следната сезона. Младиот фудбалер не се замара премногу со трансферот.

„Не се замарам со шпекулации. Јас сум фокусиран на моите игри и тимот. Тоа е најважното нешто, а остатокот не е важен за играта“, рече Санчо денес, но истакна дека навистина му се допаѓа Дортмунд.

“Дортмунд е тивок град. Лесно е да се оди на тренинг и да се вратиш дома. Навивачите уживаат во фудбалот и тоа е многу добро. Единственото нешто што ми пречи е тоа што сум разделен од семејството, но тоа е дел од животот”, Изјави Санчо за „Би-Би-Си“.

Санчо стана член на Борусија Дортмунд во 2017 година, а во клубот пристигна за осум милиони фунти од младинскиот тим на Манчестер Сити.

Неговото доведување се покажа како вистински потег бидејќи Англичанецот блескаше во Дортмунд. Санчо во изминатите четири години играше на 137 натпревари и постигна 50 погодоци за германскиот тим.

Манчестер Јунајтед му нуди договор од 13 милиони фунти годишно.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!