ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Бакр Абделаоуи и Андија Секулиќ ја засилуваат Академија Пандев

Бакр Абделаоуи и Андија Секулиќ го засилуваат струмичкиот прволигаш Академија Пандев. Бакр игра на позицијата лево крило и има 24-години. Ја има поминато младинската школа на Гетафе, а во својата сениорска кариера има настапувано за вторите тимови на Легањес и Алкоркон, а во Академија Пандев доаѓа од тимот на Љунгскиле од Шведска.

Секулиќ има 19 години и игра на позицијата централен дефанзивец. Последен клуб за кој настапувал е тимот на Слога Краљево.

>>> ПРОМОЦИЈА НА ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, ВИЛИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

И двајцата фудбалери се со тимот од почетокот на припремите и веќе имаат одиграно неколку пријателски натпревари, па стручниот штаб даде зелено светло за нивен ангажман.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!