ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Бајрами: Честитки за титулата на Шкупи, но сакам победа со Македонија ЃП на Чаир

Денес на Чаир се игра едно од дербите во рамки на 31. рудан од Прата македонска фудабслак лига, каде новиот шампион Шкупи ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров. „Лавовите“ сакаат триумф со цел да останат во трка за излез во Европа, а во изјава пред мечот и тренерот Муарем Бајрами вели дека сака триумф на Чаир против својот поранешен клуб.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

„Не очекува тежок дуел против веќе новиот шампион на кој сакам да им ја честитам титулата. Јас се вракам во мојот Чаир каде сум поминал голем дел од кариерата и имам само убави спомени и како играч и како тренер но сега во друга боја и секако дека размислувам само на триумф и продолжување на битката за излез во Лигата на Конференции. Уште еднаш на Шкупи им ја честитам титулата а на утрешниот натпревар посакувам победа на Македонија ЃП“, вели Бајрами.

Македонија ЃП е на четвртата позиција на табелата со 56 освоени бодови зад конкурентите за излез во Европа, Академија Пандев е трета со 58 бодови, а пак Шкендија е втора со 59 бодови, овие две екипи ќе играат една против друга токму денес во Струмица.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!