ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Бафто ќе им суди на Саса и Детонит Плачковица, Младеновски на центарот во Охрид

В сабота на програмата се натпреварите од 11. коло од Втората македонска фудбалска лига. ФФМ ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум второлигашки натпревари, кои ќе започнат во 13 часот.

Фатмир Бафто од Охрид ќе ја дели правдата меѓу Каменица Саса и Детонит Плачковица, штипјанецот Крумислав Ѓоргиев ќе патува во Виница, каде ќе им суди на Слога и лидерот Вардар, додека пак Дејан Младеновски ќе биде на центарот во Охрид, каде ќе се судрат Воска и Кожуф.

  • Делегирани судии 11. коло ВМФЛ:

Караорман – Пелистер, Стојанче Стојанов (Штип)
Локомотива Пехчево – Борец, Јосип Бартон (Скопје)
Каменица Саса – Детонит Плачковица, Фатмир Бафто (Охрид)
Беса – Охрид, Доне Ристовски (Гевгелија)
Гостивар – Арсими, Миле Лазов (Неготино)
Воска Спорт – Кожуф, Дејан Младеновски (Скопје)
Слога Виница – Вардар, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Беласица – Тетекс, Влатко Илиоски (Прилеп)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!