Европски ФудбалФудбал

Баерн му честиташе на Меси, но не мисли дека Аргентинецот е најдобар

Во Париз синоќа Лионел Меси по седми пат стана сопственик на „Златната топка“.

Аргентинскиот репрезентативец беше награден пред Роберт Левандовски, што многумина го сметаат за неправедно бидејќи полскиот репрезентативец имаше неверојатна сезона.

И неговиот клуб Баерн го смета за најдобар во светот, без разлика што оваа чест и формално и беше доделена на ѕвездата на ПСЖ и поранешен играч на Барселона.

„Сè уште сте најдобри за нас! Честитки за Меси за освојувањето на Златната топка“, објави Баерн на своите официјални профили на социјалните мрежи.

Напоменуваме дека Левандовски беше прогласен за најдобар напаѓач на крајот на 2021 година, што не изненадува со 64 постигнати голови во изминатите 12 месеци.

Покрај Меси и Левандовски, во топ 10 во светот се и Жоржињо, Бензема, Канте, Роналдо, Салах, Де Брујн, Мбапе и Донарума.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!