ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Азиз Јамини потпиша професионален договор со Ренова

Младиот 16-годишен фудбалски талент, Азиз Јамини потпиша прв професионален договор со Ренова со важност до јули 2024 година.

„Гипсарите“ продолжуваат со градењето на тимот за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Екипата и во новата сезона ќе биде предводена од Ќатип Османи.

Ренова е во полн тренажен процес, пред четири дена одигра контролка против Борец и запиша победа од високи 4:1. Инаку, минатата сезона, Ренова го задржат прволигашкиот статус преку баражот со Охрид, откако во пенал-рулетот „гипсарите“ имаа повеќе среќа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!