Аврамски: Малеш е спремен, а тоа ќе го докажеме на дуелот со Овче Поле, целта е јасна – прво место!

Во недела стартува Третата лига – Исток со натпреварите од 12. коло.
Дербито на колото ќе се игра во Свети Николе, каде ќе се соочат дикректните конкуренти Овче Поле и Малеш.
Тренерот на беровскиот клуб, Дамјан Аврамски вели дека неговата екипа е спремен за пролетната полусезона, а тоа ќе го покаже на дуелот во Свети Николе. Малеш има јасна цел – прво место и влез во Втората лига – Исток.
„После одиграните пријателски натпревари, нашиот тим покажа дека е спремен за почетокот на вториот дел од сезоната, а тоа ќе го покажеме во дербито со Овче Поле. Целта е јасна, се бориме за првото место на табелата“, вели тренерот Аврамски.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ИСТОК МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ <<
Дербито на колото се игра на Градскиот стадион во Свети Николе со почеток од 15:00 часот.