ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Аврамовски: Сигурно ќе дадеме максимум и ќе гинеме за светиот дрес!

Репрезентацијата на Македонија денеска ги продолжи подготовките за претстојното Европско првенсто. Атмосферата во тимот е одлична, а нашите фудбалери максимално се фокусирани на најголемиот настан ова лето.

Офанзивниот играч на Македонија, Даниел Аврамовски со нетрпение го очекуваа настапот на Европското првенство.

„Македонија постигна голем успех со пласманот на Европското првенство, но не планираме да застанеме тука. Веќе имам настап на едно вакво натпреварување со младата репрезентација на Македонија, но ова е нешто сосема различно, со оглед на тоа што играме против најдобрите репрезентации и најдобрите фудбалери. Нашите очекувања се зголемија, што е нормално, со оглед на победата против Германија. Тоа е нормално, тоа е фудбалот, секој може да победи секого. Се надевам дека ќе одиграме добри натпревари, ќе ги изненадиме репрезентациите кои ни се противници на ова првенсто и ќе ја израдуваме македонската јавност. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар, а останатото ќе дојде само по себе. Знаеме дека публиката секогаш е наш 12 играч и затоа се надеваме дека ќе бидат во колку е можно поголем број. Сигурно ќе дадеме максимум и ќе гинеме за светиот дрес и на крајот дека ќе ги израдуваме сите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!