Европски ФудбалФудбал

Аврамовиќ нема да жали пари: Ако ги донесе овие три засилувања, Челзи ќе доминира со години!

Томас Тухел, наводно, ќе добие огромен буџет за трансфери од 200 милиони фунти, а на списокот веќе има три имиња кои би можел да ги донесе во Лондон. „Сините“ минатото лето платија околу 220 милиони фунти на играчи како Тајм Вернер и херојот во финалето на Лигата на шампионите, Каи Хаверц.

Се чини дека Тухел доби огромна поддршка од Роман Абрамовиќ по неговиот триумф во Лигата на шампионите. Германецот, кој треба да биде награден со нов договор, се смета дека ги следи Ромелу Лукаку, Деклан Рајс и Адам Траоре.

Лукаку помина три сезони во Челзи пред да се пресели во Евертон каде играше во добрата форма, по што следуваше трансфер во Манчестер Јунајтед. Челзи повторно сака да го ангажира својот поранешен играч, кој би можел да биде достапен поради финансиската состојба во Интер.

Тухел го посакува и играчот од средниот ред Рајс, кој е високо на неговата листа на желби. Менаџерот на „сините“ исто така планира да го донесе и Траоре од „волците“ кој треба да биде конкуренција на Рис Џејмс како десен бек.

Говорејќи за своите планови за трансфери, Тухел изрази желба да донесе два до три нови играчи.

„Две или три нови засилувања може да бидат многу добри. Промените никогаш не треба да се негираат. Тие се секогаш добредојдени, бидејќи носат нова енергија, нови момци кои носат свежина, кои ги предизвикуваат сите на тренинг и на натпревари, затоа мислам дека тоа е добра работа. Не ни требаат уште седум играчи и уште еден ремонт, но нашата работа е постојано да се подобруваме, бидејќи сè уште имаме добар и млад тим.”

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!