Европски ФудбалФудбал

Атлетико сака да го продаде Саул, пола Премиер лига заинтересирана за него!

Челниците на Атлетико Мадрид решија да го продадат одличниот играч за врска Саул Нигес ова лето, пишува во тиражниот „АС“. Осмицата на „јорганџиите“ немаше најдобра сезона во дресот на новиот шампион, и во еден момент го загуби статусот првотимец, па затоа не беше поканет во репрезентацијата на Шпанија за ЕУРО 2020. Од таа причина, клубот одлучи да ги слушне сите понуди од заинтересирани клубови.

Минатата сезона Манчестер јунајтед беше заинтересиран за Саул, па „црвените ѓаволи“ веројатно повторно ќе се свртат кон одличниот дефанзивен играч за врска. Сепак, покрај понудата на Манчестер, Атлетико може да очекува заинтересираниот и од Ливерпул, Челси, па дури и градскиот ривал на Јунајтед, Сити.

Со оглед на тоа дека има договор со Атлетико до 2026 година, Саул воопшто нема да биде ефтин на пазарот. Клаузулата за откуп изнесува 150 милиони евра, но заинтересираните клубови веруваат дека мадриѓаните ќе го продадат за помалку пари. Пазарната вредност на Саул се проценува на 40 милиони евра.

Нигес помина низ фудбалската школа на Реал, а после тоа се пресели во Атлетико, а во 2012 година стигна до првиот тим на „јорганџиите“. Тој брзо стана важна завртка во машинеријата на мадридскиот клуб, па досега има одиграно 337 натпревари и постигнато 43 погодоци.

Тој ја освои титулата шампион на Шпанија, Кралскиот Куп, Суперкупот на Шпанија, два пати Лигата на Европа и еднаш Суперкуп на Европа.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!