Европски ФудбалФудбал

Атлетико ја одби првата официјална понуда на Јунајтед за Трипие

Манчестер Јунајтед официјално испрати понуда за англискиот репрезентативец Киран Трипие, но неговиот клуб Атлетико Мадрид категорично ја одби понудата.

Се споменува бројката до 20 милиони евра што Атлетико ја плати на Тотенхем за овој играч пред две години. Сепак, клубот од Мадрид сега бара од Јунајтед двојно поголема сума.

Трипие одлично се вклопи во тимот на Атлетикo, со кој минатата сезона ја освои титулата во Примера. Тој во септември ќе наполни 31 година, а извори блиски до овој играч велат дека тој е подготвен да се врати на Островот. Јунајтед сака да ја засили конкуренцијата со Арон Ван Бисака како десен бек и Трипие одговара на тој профил на играч. Сепак, Диего Симеоне не сака баш така да се откаже од искусниот дефанзивец.

Наводно, Трипие дал согласност да се пресели во Јунајтед, па се очекува во наредните денови да пристигне зголемена понуда од „Олд Трафорд“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!