ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Атанасов: Иако Вардар Неготино е фаворит, сепак Илинден БС е незгоден противник!

Вардар Неготино во недела ќе гостува во Башино Село, каде во меч од 12. коло од Третата лига – Југ ќе се соочи со екипата на Илиден БС. Во изјава за Спортска Мрежа, секретарот на клубот, Андон Атанасов вели дека екипата е комплетна и подготвена, иако се фаворити за нова победа, сепак, ќе внимаваат на противникот, бидејќи може да се покаже како „незгоден“.

„Колективот ни е во полн состав без повредени играчи и во недела одиме на гостување кај екипата на Илиден од Башино Село. Иако ја имаме улогата на фаворити на овој дуел, сепак, сметам дека треба да бидеме внимателни поради тоа што знаат да бидат доста „незгоден“ протнивник“, ни изјави Атанасов.

Главен судија на мечот ќе биде Макалоски Дарко од Прилеп, додека негови помошници ќе бидат Трајков Борис и Здравески Димитар, исто така од Прилеп. Натпреварот ќе започне во 13:00 часот и ќе биде одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!