РакометРакомет - Суперлига
Астраион загуби дома од Прилеп

Ракометарите на Астраион запишаа нов пораз, откако на домашен терен во Струмица со 25:29 загубија од Прилеп, во меч од 5. коло од плеј-аутот од Супер лигата.
Гостите на овој натпревар важен за фаворити, и тоа го оправдаа на теренот и во ниту еден момент не дозволија изненадување и можност струмичките ракометари да се вратат во игра. Првото полувреме заврши со предност од четири гола за Прилеп, односно 13:17. Во вториот дел немаше можност за изненадување, па Прилеп одигра рутински и стигна до трета победа во плеј-аутот.
Најдобар во редовите на Астрион беше левото крило Славе Јанковски со десет погодоци, додека кај Прилеп со по шест погодоци најдобри беа Александар Тренчевски и Реваз Чантурија.