
Синоќа беа комплетирани натпреварите од осминафиналето од футсал Купот на Македонија. Екипата на Астибо беше убедлива во градската пресметка со Кардшлк со убедливи 0:13. Сосема очекувано искусната екипа на Астибо ја оправдата фаворитската улога и во текот на целиот натпревар имаше тотална доминација над протовникот.
>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<
Дарко Алексовски со шест погодоци беше најдобар стрелец, а двојни стрелци беа Иван Николовски, Иван Стојчев и Горан Арсовски.
>>> ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО ЗА ОДМОР – РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<
Во Пробиштип екипата на Црешово Топче со 6:2 го исфрли Мал Ајакс од Купот и обезбеди четвртфинале. Мартин Спасов постигна два погодоци за Црешово Топче, а по еден гол постигнаа Глигорче Јакимов, Томислав Харлампиев, Горан Горгиев и Антонио Стојчов. За екипата од Штип погодоците ги постигнаа Седат Мамудов и Мелих Шерифов.