
Градското дерби во Штип му припадна на Астибо кој со 4:6 беше подобар противник од Кардшлк. Марјан Зашков со четири погодоци ја искина мрежата на противникот, а по еден гол постигнаа Иван Колев и Петар Левков. За домаќинот хет-трик постигна Сердар Синанов, а еден погодок беше дело на Нешат Демиров.
Форца го торпедираше Мал Ајакс и го испрати назад во Штип со полна мрежа, откако домаќините кои итаат кон Прва лига триумфираа со убедливи 9:1.
По два погодоци на овој тренинг натпревар за фаворитот Форца постигнаа Ергин Шерифи, Висар Аљији, Екрем Мемеди, Кристијан Златковски, а еден погодок постигна Бесим Мустафи. За гостите од Штип еден погодок постигна Дарко Димитровски.