ОстанатоФудбалФутсал

Астибо покажа кој е главен во Штип и до врв ја наполни мрежата на Мал Ајакс, Велешта не допатува во Пробиштип

Вечерва во градската пресметка во Штип, екипата на Астибо до врв ја наполни мрежата на Мал Ајакс и запиша убедлива победа од 9:1.

Астибо вечерва конечно беше комплетиран, откако во претходните натпревари се соочуваше со повреди на играчи и коронавирусот.

Екипата на Астибо

Мал Ајакс имаше сили да пружи отпор само во првиот дел кој заврши со резултат од 3:1, а во второто полувреме Астибо беше супериорен и ја искина мрежата на градскиот ривал.

Двојни стрелци за Астибо беа Иван Стојчев и искусниот голгетер Дарко Алексовски, а во листата на стрелци со по еден погодок се запишаа и Александар Божинов, Петар Левков, Иван Николовски и Иван Андов. Кај Мал Ајакс единствен стрелец беше Дарко Димитровки, а Иван Рунтев си постигна автогол.

Дуелот од дното на табелата меѓу Црешево Топче и Велешта не се одигра, бидејќи гостинската екипа не допатува во Пробиштип. Велешта се соочува со сериозни санкции бидејќи по вторпат екипата не се појавува на терен.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!