Европски ФудбалФудбал

Асмир Беговиќ повторно во Премиер лигата, потпишува за Евертон

Асмир Беговиќ ќе биде нов играч на Евертон, потврдено е за „Н1“. Лекарските прегледи ќе бидат завршени во текот на саботата, а тој ќе биде претставен на „Гудисон Парк“.

Беговиќ доаѓа во градот Ливерпул од Бурнемут, каде имаше фантастична минатата сезона кога беше прогласен за најдобар голман на Чемпионшип.

Сепак, тој не успеа да се врати во Премиер лигата со својот тим, но игрите не поминаа незабележано. Тој ќе ги замени „црешите“ со „карамелите“ кои неодамна добија нов менаџер, Рафа Бенитез. Евертон го има првиот голман Џордан Пикфорд, кој има зацементирано место меѓу стативите, па затоа треба да очекуваме дека Беговиќ ќе биде во преден план кога се во прашање куп-натпреварите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!