Асанов: Брегалница е во блага предност бидејќи е домаќин, штета што дербито во Делчево ќе се одигра без публика

Во недела на Градскиот стадион во Делчево се игра големото дерби од Третата лига – Исток меѓу домаќинот Брегалница и Детонит од Радовиш. Дерби натпревар кој е важен и за двата претенденти за влез во Втората лига – Исток.
Брегалница минатото коло во Свети Николе одигра 0:0 со Овче Поле, па дома се врати со бод и сега е на второто место на табелата, но со ист број на бодови како и Детонит, кој поради подобра гол разлика и убедливата победа над Карбинци во Радовиш со 4:0 е на врвот од табелата.
Спортска Мрежа разговараше со еден од поискусните играчи на радовишкиот третолигаш, Минур Асанов, кој вели дека натпреварот за неговата екипа ќе биде доста важен, но тежок, бидејќи Брегалница е домаќин и тоа ќе биде блага предност за противникот. Но, Детонит доаѓа по трите бодови, па доколку се добие овој натпревар, а потоа и дербито со Овче Поле, радовишани веќе нема што да ги запре и ќе бидат нови второлигаши.
„Минатата недела беше многу тежок натпревар поради временските услови, но го добивме. Во недела очекувам пред се добар натпревар, жално е што овој натпревар ќе се одигра без публика. За вакви дерби натпревари потребно е публика што ќе го краси натпреварот.“
Брегалница е во блага предност бидејќи е домаќин, но ние имаме една цел, трите бодови да бидат наши, па така можеме да избиеме на првото место и полека да ја завршуваме својата цел – влез во Втора лига. Во клубот атмосферата е позитивна. Доколку го добиеме натпреварот во Делчево, а потоа и Овче Поле може да кажеме дека ќе сме шампиони, но сепак ќе биде тешко и во недела, но нема откажување, целта за да ја оствариш мора да ги добиеш и твоите конкуренти за прво место“, ни изјави Асанов.