ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Асани ја продолжи соработката со Велешта

Второлигашот Велешта за новата сезона во Втората лига – Запад ја продолжи соработката со Бујамин Асани.

32-годишникот и во следната сезона ќе го носи дресот на Велешта. Во својата кариера Асани покрај за Велешта има настапувано и за Феризај од Косово, прилепска Победа, Работнички, романска Батрана Доамна, Шкупи и Руфеја од Тетово.

Во следниот период треба да бидат соопштени и нови имиња во црвено-црниот дрес.

Минатата сезона Велешта заврши на третото место со 46 бодови колку што имаше и второпласираниот Охрид, кој поради подобрата гол разлика играше бараж за влез во ПМФЛ и беше на чекор на испише историја.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!