Европски ФудбалФудбал

Артета: Многу сум разочаран

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше многу разочаран по поразот од Евертон во 15. коло од Премиер лигата.

Арсенал поведе со голот на Мартин Одегард во првото полувреме, но Ришарлисон погоди за израмнување во 79. минута, а потоа Демарај Греј му донесе победа на Евертон во втората минута од судиското продолжение.

„Едноставно сум разочаран. Не бевме константни во првото полувреме, не му се заканувавме доволно на противникот. Кога конечно го направивме тоа, Мартин постигна гол. Во вториот дел требаше да го завршиме натпреварот. Но, повторно во клучните моменти бевме несмасни“, изјави шпанскиот стручњак.

Артета не е задоволен од тоа како одигра неговиот тим во нападот.

„Создадовме четири одлични шанси, а кога нема да ги реализирате, ќе биде тешко да се победи натпреварот. Особено ако примате голови како ние… Тешко е, бидејќи загубивме на „Олд Трафорд“. Сега бевме на повисоко ниво, но не бевме доволно доследни“.

По вториот последователен пораз Арсенал е на седмото место со 23 бода.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!