ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Арсими со најубедлива победа го „распадна“ Борец, Пелистер и Воска ремизираа, Вардар нов лидер

Гостивар со собра целиот „плен“ на гостувањето во Виница каде против Слога славеше со минимални 0:1. Стрелец на единствениот гол за триумф на гостите беше Муарем Муарем, кој погоди во 48. минута.

Пелистер и Воска Спорт го поделија „пленот“, откако дербито во Битола заврши со 1:1. Стрелец на за битолчани беше Христијан Драгарски, а во судиското надополнување капитенот Изаир Емини го израмни резултатот на 1:1 со што Воска се спаси од пораз и во Охрид си оди со бод.

Беласица конечно дојде до второ сезонско славје, откако на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Беса од Добри Дол со голот на Александар Милушев во 81. минута.

Каменица Саса со 0:2 славеше на гостувањето во Тетово кај Тетекс. Стрелци на двата погодоци за „рударите“ беа Игор Ѓорѓиев и Тони Мичковски. Победата доаѓа по тренерската смена кај Саса, а на тренерското столче седна Љупчо Димитковски.

Вардар славеше со сигурни 2:0 над Локомотива Пехчево со погодоци на Јован Попзлатанов и Ненад Мишковски.

Арсими со убедливи 9:0 го распадна составот на Борец, со што дефинитивно велешани одат кон испаѓање во Трета лига – Југ.

Ане Ташевски си постигна автогол во првиот дел со што Арсими дојде до водство од 1:0 на полувреме. Во вторито дел Ерион Шуку постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Арѓент Гафури, Елмир Алији, Бурим Садики, Махир Ајрули и Албулен Имери.

Колото ќе биде комплетирано на 12. октомври (среда) со натпреварите меѓу Кожуф – Караорман и Охрид – Детонит Плачковица.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!