ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Арсими се засили со Леон Селими

Новиот второлигаш Арсими го промовираше Леон Селими како најново засилување за новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига.

21-годишникот во Чегране доаѓа од редовите на Партизан Бардејов, екипа која се натпреварува во Втора лига на Словачка. Талентираниот напаѓач зад себе има доста богата кариера која ја започна од академијата на Тос од Швајцарија, потоа настапувајќи за Винтертур и Луцерн од Швајцарија, беше дел од академијата на Михаловче и Кошице, а исто така беше дел и од академијата на Борусија Дортмунд.

Селими освен во нападот игра и во средниот ред, што е уште една предност за новиот македонски второлигаш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!