ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Арсими го декласираше Љуботен со ШЕСТ гола, Камјани со триумф, Напредок до бод!

Денес се комплетираше 8. коло од Третата фудбалска лига – Запад. Напредок на гостувањето кај Трабзонспорт дојде до бод, откако ремизираше играјќи 2:2. Домашните дојдоа до рано водство од 2:0, откако најпрво капитенот Лавдрим Нуредени во 6. минута го отвори резултатот, а во 18. минута Исак Фејзулаи ја дуплираше предноста. Во вториот дел Напредок брзо успеа да дојде до 2:2, откако во 50. минута Никола Аврамовиќ намали на 1:2, а Младен Котевски ги постави конечните 2:2.

Врапчиште и Дрита го поделија „пленот“, откако одиграа 1:1. Реџеп Садику во 41. минута го донесе Врапчиште во водство, а во вториот дел Арсим Рамадани ги постави конечните 1:1.

Камјани на домашен терен дојде до прво сезонско славје, откако со 2:1 триумфираше над Нераште. Фестим Абдулаху во финишот на првиот дел го донесе Камјани во водство од 1:0 на полувреме. На стартот од вториот дел Вулнет Саљи ја дуплираше предноста на 2:0, а во 55. минута капитенот на гостинскат аекипа Шпат Абдии ги постави конечните 2:1.

Арсими го декласираше Љуботен на гостински терен со убедливи 1:6. Хет-трик за гостите постигна Ариан Ејупи, а по еден гол постигнаа Арменд Даути, Бурак Менга и Едис Муртезани. За домашната екипа единствениот погодок го постигна Ивица Костадиноски.

Велазерими на гостински терен со високи 1:5 го декласираше Пролетер. Двојни стрелци за третолигашот од Кичево беа Ремзе Усеини и Махир Ајрули, а еден погодок постигна и капитенот Мирлинд Ибраими. За домашните единствениот погодок го постигна капитенот Горан Новакоски.s

Вчера екипата на Речица со минимални 1:0 триумфираше над Зајази. Извештајот за овој натпревар можете да го прочитате овде.

ТМФЛ Запад – Табела

ПозКлубОНПобНПорПОСПРИГРБОД
198103613+2325
29711248+1622
396122810+1819
496121712+519
596032712+1518
694141612+413
793151418-410
892251317-48
992161137-267
1092071223-116
119135823-156
129027930-212

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!