Арсими е шампион во Трета лига – Запад, Речица и Велазерими убедливи

Лидерот Арсими со минимални 0:1 го доби дербито со Врапчиште со погодокот на Ерсел Дико и со тоа стана шампион во Трета лига – Запад и ќе игра бараж за Втора лига.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Велазерими со убедливи 0:4 триумфирашер над Љуботен на гостински терен. Двоен стрелец беше Ремзи Усеини, а по еден гол постигнаа Мирлинд Ибраими и Осман Исмаили.
Речица со 3:1 славеше над Дрита на домашен терен со двата погодоци на Џеват Шерифи и едниот гол на Амир Зендели. За гостите погоди Адриан Исмаили.
Зајази го доби Напредок во Кичево со погодоците на Шќиприм Руфати и Премтим Јакупи (0:2).
Трабзонспорт дома триумфираше над Камјани во меч со единаесет погодоци (6:5). Двојни стрелци за домашниот тим беа Кемал Узеири и Иска Фејзулаи, а пак по еден гол постигнаа Лавдрим Нуредини и Висар Арифи. За гостите хет-трик постигна Агон Хашими, а еден гол постигна Фестим Абдухалу.