ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Арсим Љамалари е ново засилување во одбраната на Силекс

Силекс интензивно работи на градењето на тимот за следната сезона во која ќе атакува на експресно враќање во македонската елита.

Ново засилување кај второлигашот од Кратово е Арсим Љамалари. Стоперот доаѓа од редовите на Скопје, а ќе ја засили одбраната на тренерот Горазд Михајлов. Во својата кариера 26-годишникот покрај за тимот од Автокоманда има настапувано и за Еуромилк ГЛ, Маџари Солидарност, а имаше и интернационална кариера во Турција.

Клубот најавува и нови засилувања во следниот период, со што јасно става до знаење дека сака брзо враќање во Првата лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!