Европски ФудбалФудбал

Арсенал се засили со лев бек од Бенфика

Нуно Тавареш, талентиран лев бек, пристигна во Арсенал од Бенфика.

Младиот 21-годишен дефанзивец ја помина младинската школа на Бенфика. Дебитираше за Б тимот во октомври 2018 година, од каде беше префрлен во најдобриот тим. Првиот натпревар го одигра во август 2019 година во Суперкупот на Португалија, во кој Бенфика го совлада Спортинг.

Во последните две сезони, тој беше на теренот на 25 натпревари. Челниците на клубот од Лондон го забележаа на натпреварот од шеснаесеттото финале во Лигата на Европа оваа година, кога Арсенал го елиминираше великанот од Португалија.

„Нуно има огромен потенцијал. Со неговото пристигнување, добивме нова енергија од левата страна на теренот. Очекуваме наскоро да се приклучи на тимот. Се надевам дека брзо ќе се навикне и ќе излезе пред нашите неверојатни навивачи со голема желба“, изјави тренерот на Арсенал, Микел Артета.

По пристигнувањето во Велика Британија, Таварес е должен да помине две недели во карантин поради правилата што важат на Островот како превентивна заштита од коронавирус.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!