Европски ФудбалФудбал

Арсенал нема да го пушти Џака кај Мурињо за 15 милиони евра

Швајцарскиот репрезентативец и играч на Арсенал, Гранит Џака ја смени фризурата и имиџот, но сепак не и клубот, иако новиот тренер на Рома, Жозе Мурињо има намера да го донесе во Рома.

Џака во среда ќе игра со својата репрезентација во Рим, каде Швајцарија го игра вториот натпревар од групата А на ЕВРО 2020 против домаќинот Италија.

Можеби ова момче, родум од Базел, на крајот ќе се пресели во „Вечниот град“, но Арсенал ја одби првата понуда на Рома во износ од 15 милиони евра. Не е изненадувачки кога се знае дека „тоџииите“ го купија од Борусија Менхенгладбах во 2016 година за повеќе од двојно односно над 35 милиони евра, дополнително тој има договор за уште две сезони.

Мурињо, наводно, исклучително го цени овој фудбалер, кој е на излезната врата од Арсенал. Како прво, заради критиките и навредите што ги претрпе од навивачите на „топџиите“. Познати се инцидентите кои ги доживеа во октомври 2019 година против Кристал Палас кога беше заменет, како и минатиот декември против Барнли кога доби црвен картон.

Поради тоа му беше одземена капитенската лента, но тој го задржа местото во тимот. Минатата сезона тој одигра дури 47 натпревари во сите натпреварувања.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!