Европски ФудбалФудбал

Арсенал испрати најконкретна понуда за Локатели

Директорот на Сасуоло, Џовани Карневали изјави дека Арсенал во моментов е единствениот клуб кој дал реална понуда за репрезентативниот играч за врска Мануел Локатели (23), кој има одлични игри на Европското првенство со „Азурите“.

„Размислуваме за неговата иднина, но во моментов не сакаме да го оптоваруваме со трансфер приказни за да остане фокусиран на настапи за националниот тим. Од италијанските клубови, досега разговаравме само со Јувентус, а најреална понуда даде англискиот Арсенал“, изјави Карневали за италијанските медиуми.

Со своите игри на Европското, Локатели стана најбараниот играч на италијанската фудбалска репрезентација. Но, Сасуоло не брза бидејќи се надева дека би можеле да добијат 50 милиони евра за својот играч за врска. Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус понудил 30 милиони евра и уште еден играч. Интерес за Локатели покажуваат и Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Локатели помина низ младинската школа на Милан и одигра 63 натпревари за „росонерите“ во три сезони, а потоа во 2018 година се пресели во Сасуоло каде веднаш стана стандарден првотимец. Дебитираше за репрезентацијата на Италија во септември минатата година и досега има постигнато три гола на 13 настапи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!