Европски ФудбалФудбал

Арсенал донесе дефанзивец за 50 милиони фунти

Англискиот репрезентативец Бен Вајт кариерата ќе ја продолжи во Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.

Челниците на „топџиите“ се договорија со Брајтон за скоро сите детали за трансферот вреден 50 милиони фунти, а талентираниот дефанзивец треба да помине лекарски прегледи по 26 јули, односно откако ќе се врати од одмор.

24-годишниот Вајт е во сениорскиот тим на Брајтон од 2016 година, но до минатата сезона претежно беше на позајмица (Њујорк, Питерборо и Лидс).

Со одличните игри во сезоната 2020/21, тој го сврте вниманието на селекторот на Англија, Герет Саутгејт и беше дел од националниот тим кој беше поразен од Италија во финалето на Европското првенство.

Интерес за Вајт покажа и Челси, а „топџиите“ од соседниот клуб можеа да донесат уште едно засилување, напаѓачот Тами Абрахам.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!