ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Арменд Алими од Шкендија го засилува Шкупи !?

Како што соопшти „Инфоспорт“ актуелниот лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи би можел да се засили со довчерашниот играч од среден ред на Шкендија, Арменд Алими.

Алими во Шкендија беше од 2014 година и важеше за еден од клучните играчи во актуелниот шампион на Македонија. Во моментот тој е слободен играч, а според најавите на овој медиум Алими би се преселил во екипата предводена од Гоце Седлоски.

Шкупи одигран одлична полусезона и е есенски шампион во ПМФЛ, а со АЛими чаирчани ќе добијат на квалитет и сигурно ќе чекорат кон титула во домашното првеснтво.

Алими покрај за Шкендија за која постигна 45 погодоци и забележа голем број на асистенции има настапивано и за Ермис, Неа Саламис, Еребро, Истра 1961, Милано Куманово и Башкими.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!