Европски ФудбалФудбал

Аргентинецот ги откри плановите: Анхел Ди Марија нема намера да ја заврши кариерата во ПСЖ

Веќе шест години Анхел Ди Марија настапува за Пари Сен Жермен, клуб со кој има освоено 17 титули во кои ужива, но и нема намера да ја заврши кариерата.

Тој го откри ова во интервју за „ТНТ Спортс Аргентина“, во кое кажа каде се гледа себеси во продолжението на својата фудбалска кариера.

„Сакам да останам овде бидејќи сум среќен овде, а и моето семејство е среќно. Потоа сакам да го напуштам клубот, но на голема врата“, изјави Ди Марија, кој е договорно врзан со ПСЖ за следната сезона.

Неговата намера е да го продолжи договорот, но и да го напушти клубот додека се уште е во добра форма.

„Ако заминам, ќе се вратам во аргентинскиот фудбал. Сакам да ја завршам кариерата во Росарио, но не сакам да oдам таму пред пензиј, туку кога сум во добра форма, да го дадам максимумот од себе“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!