ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Аресими убедлив против Нераште, Зајази го среди Пролетер

Денес се одиграа четири натпревари од вонредното 13. коло од Третата лига – Запад кое ќе биде комплетирано утре.

Беса 4:1 Љуботен

Лидерот Беса со убедлива победа од 4:1 славеше над Љуботен на домашен терен. Резултатот беше отворен во 6. минута од натпреварот со гол на Беадини Аид. По седум минути игра Селими Бледар ја дуплираше предноста. Во 35. минута Азири Егзон ја стресе мрежата на тетовчани за 3:0. Одличната игра на лидерот на табелата продолжи, па во 41. минута Идризи Мемет постигна гол за 4:0 на полувреме. Во 65. минута од натпреварот Димитриески Роберт ги постави конечен 4:1.

Нераште 0:3 Аресими

Екипата на Аресими одигра одличен натпревар и на гостински терен во Теарце со 0:3 го среди Нераште. Првиот гол на натпреварот падна во 36. минута, а стрелец беше Ејупи Ариан. Во вториот дел Аресими одигра одлично, па во 59. минута со втор гол на Ејупи резултатот беше 0:2. По четири минути игра Алији Осман ги постави конечните 0:3.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Пролетер 0:3 Зајази

„Фенерџијата“ Пролетер на домашен терен претрпе тежок пораз од Зајази со резултатот од 0:3. Во првиот дел од натпреварот домашната екипа парираше на фаворитот, но во вториот дел Зајази три пати ја погоди противничката мрежа. Првиот гол падна во 60. минута, а стрелец беше Сејдини Аријан. Во 72. минута Џеладини Дардан донесе водство од 0:2, додека конечните 0:3 ги постави Бајрами Аљбан.

Напредок 0:2 Врапчиште

Кичевски Напредок на домашен терен загуби од Врапчиште со 0:2. Отпор на домашната екипа беше скршен во 76. минута, кога Челик Хакан ја погоди противничката мрежа за 0:1. По пет минути игра Мухареми Адем постигна гол за конечните 0:2.

Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Речица и Камјани.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!