ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Аресими славеше над Трабзонспорт, Камјани го декласираше „фенерџијата Пролетер, реми меѓу Нераште и Врапчиште

Денес со три натпревари беше комплетирано 15. коло од Третата лига – Запад. Трабзонспорт на домашен терен загуби од фаворитот Аресими кој со 2:3 беше подобар противник. Уште во 2. минута Аресими дојде до водство со гол на Хисмани Берат. За двојна предност стрелаше Халими Бљертон во 19. минута. Во 42. минута Стрезовски Бојан намали на 1:2. Во вториот дел Алији Осман зголеми на 1:3 откако во 53. минута ја погоди противничката мрежа. Во 64. минута Ибрахими Бесар со погодок од пенал намали на конечните 2:3.

„Фенерџијата“ Пролетер продолжи да нижи порази откако денес на домашен терен со убедливи 0:3 загуби од Камјани. Резултатот беше отворен во 47. минута со гол на Беџети Лирис за 0:1. Во 58. минута Асипи Јетон донесе водство од 0:2, а Љума Фестим ги постави конечните 0:3 во 75. минута. Натпреварот го судеше искусниот Музафер Исмаили.

Нераште и Врапчиште на домашен терен одиграа нерешено без погодоци во мрежата (0:0).

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Вчера беа одиграни двата воведни натпревари. Лидерот Беса со 2:1 славеше над Зајази, додека Напредок во Кичево беше минимално поразен од Речица со 0:1.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!