Аресими го декласираше Напредок, Врапчиште подобар од Камјани

Денес беше комплетирано 11. коло од Третата лига – Запад, со двата натпревар кои минатиот викенд беа одложени поради обилните врнежи од снег.
Зајази 1:1 Речица
Дуелот меѓу Зајази и Речица заврши без победник (1:1) со што бодовите беа поделени. Први до водство стигнаа домаќините со гол на Думоски Ален во 30. минута од натпреварот. Во вториот дел Речица во 79. минута израмни на 1:1, а стрелец беше „џокерот“ Мисими Арменд. До крајот на натпреварот мрежите мируваа.
Љуботен 3:1 Пролетер
Сосема очекува Љуботен стигна до својата трета сезонска победа, откако на домашен терен со 3:1 беше подобар од „фенерџијата“ Пролетер кој останува и понатаму закован на дното од табелата. Домашната екипа по само седум минути игра веќе имаше водство од 2:0. Стрелец на првиот гол кој падна во 3. минута беше капитенот Савески Дејан, додека четири минути подоцна Костадиноски Ивица погоди за 2:0. Во 26. минута судијата Ибраими покажа на белата точка, а Даилоски Благоја успешно реализираше за 2:1 на полувреме. Во самиот финиш од натпреварот Костадиноски со втор гол ги постави конечните 3:1.
Врапчиште 2:1 Камјани
Екипата на Врапчиште стигна до петтата сезонска победа, откако на домашен терен со 2:1 беше подобра од Камјани. Резултатот беше отворен во 3. минута за водство на домаќините со гол на Челик Хакан. Пред самиот крај на првиот дел Амети Берат зголеми на 2:0. Три минути пред крајот на натпреварот беше досуден пенал за гостинската екипа, а Бајрами Арбен успешно реализираше и ги постави конечните 2:1.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Аресими 5:1 Напредок
Аресими на домашен терен го декласираше Напредок со високи 5:1. Домашната екипа дојде до рано водство со гол на Дико Ерсел. Во 18. минута Алиу Шкумбин зголеми на 2:0. Во вториот дел Аресими продолжи со доминацијата и веќе во 50. минута со гол на Алији Осман зголеми на 3:0. Хисмани Берат беше стрелец на гол за 4:0 во 64. минута, а девет минути подоцна Билали Адис зголеми на убедливи 5:0. Во 83. минута Трајановски Бобан ги постави конечните 5:1.
Трабзонспорт 2:1 Нераште
Во Горна Бањица екипата на Трабзонспорт со 2:1 беше подобра од Нераште. Домашната екипа прва стигна до водство во 35. минута, а стрелец беше Ибрахими Бесар. Во вториот дел Нераште преку Исмаили Фитим израмни на 1:1 во 68. минута. Четири минути подоцна судијата Маркоски покажа на белата точка, а Нуредини Лавдрим успешно реализираше и ги постави конечните 2:1.