Аресими без милост го прегази Пролетер, Беса го декласира Трабзонспорт

Денес беа одиграни останатите три натпревари со што се комплетираше 12. коло од Третата лига – Запад.
Трабзонспорт 0:3 Беса
Лидерот Беса во Горна Бањица го декласираше Трабзонспорт со високи 0:3 и стигна до десеттиот сезонски трумф. Резултатот беше отворен во 13. минута со гол на Љама Башким. Пред крајот на првито дел Беадини Аид го дуплираше водството. ВО 84. минута нововлезениот Идризи Мемет ги постави конечните 0:3.
Врапчиште 1:1 Речица
Големото дерби меѓу Врапчиште и Речица заврши без победник со по еден гол во мрежа, 1:1. Гостите стигнаа први до водство со гол на Џемаили Хузри во 34. минута. Домаќинот преку нововлезениот Хасипи Фуркан ги постави конечните 1:1.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Аресими 8:1 Пролетер
Екипата на Аресими немаше милост кон „фенерџијата“ и со високи 8:1 го прегази Пролетер. Резултатот беше отворен уште во 9. минута со гол на Ејупи Арина. Десет минути подоцна Елмази Вулнет зголеми на 2:0, а по четири минути игра Зендели Недим донесе водство од 3:0. До крајот на првиот дел домашната екипа постигна уште три гола. Во 31. минута Дико Ерсел зголеми на 4:0, две минути подоцна со втор гол на Ејупи резултатот беше 5:0, а во 35. минута Алији Осман погоди за 6:0. Една минута подоцн Ѓурчиновски Стефан намали на 6:1. Во вторито дел Ејупи со трет гол во мрежата на противникот зголеми на 7:1, а конечните 8:1 ги постави нововлезениот Шабани Фарис.
Зајази 1:0 Напредок (ВИДИ ИЗВЕШТАЈ)
Љуботен 4:1 НЕРАШТЕ (ВИДИ ИЗВЕШТАЈ)