ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Ардиан Бузаку е нов претседател на третолигашот БВК Коњаре

Капитенот и „10-ката“ на третолигашот БВК Коњари, Ардиан Бузаку од денес е нов претседател на клубот. За потпретседател на клубот е избран Имер Адили.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

„Почитувани љубители на фудбалот, почитувани пријатели и спортски работници,
Ја користиме оваа можност да ве известиме дека вечниот капитен и вечната “10ка”, Ардиан Бузаку од денес е нов претседател на нашиот клуб. Ардиан Бузаку е човекот кој што го отсликува фудбалот во вистинска смисла на зборот. Професор, педагог, семеен човек почитуван од целата стручна и спортска фела. Голем спортист и вљубеник во фудбалот. За потпретседател на клубот е избран Имер Адили. На новото раководство им посакуваме многу здравје, среќа и успех. Гордно и чесно да ја вршат должноста која што им е доделена“
, велат од клубот.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

БВК Коњаре се натпреварува во Трета лига – Север, но во овој регион воопшто не се игра фудбал, за разлика од останатите четири региони, каде започна новата сезона, а победниците ќе играат бараж за влез во Втора лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!