ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Арбин Зејнулаи потпиша за Работнички

Работнички го доведе третото ново засилување во зимскиот преоден рок. Офанзивниот играч за врска Арбин Зејнулаи потпиша двегодишен договор со „романтичарите“ и веднаш се става на располагање на тренерот Борче Христов. Тој денеска веќе го одржа и првиот тренинг.

„Чест ми е што доаѓам во клуб со голема традиција каков што е Работнички. Се враќам во македонското првенство каде добро ги познавам приликите и се надевам дека ќе ја оправдам довербата што ми ја даде клубот. Ветувам напорна работа и се надевам дека заедно ќе бележиме успешни резултати“, изјави Арбин Зејнулаи по потписот на договорот.

Арбин Зејнулаи ја почна кариерата во Шкендија, а потоа замина во хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб, од каде сега доаѓа во редовите на Работнички.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!