ОстанатоФудбалФутсал

Арбен Бајрами со триумф над Карадаку, Железарец се намачи со Велес

Денес беше комплетирано 9. коло од Првата футсал лига на Македонија. Арбен Бајрами дома со 4:3 го доби Карадаку. Уште на самиот старт паднаа два брзи гола – Егзон Есени во 4. минута го отвори резултатот за водство на гостите од 0:1, а за помалку од 60 секунди Стефан Димовски израмни на 1:1. Следуваа уште два брзи гола. Веќе во седма минута Сами Аљиљи донесе ново водство за Карадаку, а по две минути Агим Рамадани израмни на 2:2. Во вториот дел Хасан Биљали по трет пат го донесе Карадаку во водство, кое траеше до 32. минута, откако Рамадани со втор гол по трет пат го израмни резултатот на 3:3, а по две минути Пајтим Реџепи ги постави конечните 4:3 за голем триумф и нови три бода.

Железарец потешко од очекуваното дојде до триумф над „фенерџијата“ Велес, откако преку пресврт со 4:3 славеше нов триумф во Првата футсал лига. Дарко Насевски го донесе Железарец прв до водство, кое траеше само пет минути, откако Даниел Боневски израмни на 1:1, а Марио Спировски погоди за водство на полувреме од 1:2 за гостите. Во вториот дел најпрво Драган Брњарчевски го израмни резултатот на 2:2, а Петре Даиловски погоди за прво водство на Железарец. Следуваше брза реакција од гостите кои преку Никола Илијоски дојдоа до 3:3. На пет минути пред крајот на средбата одиграна во Автокоманда со втор гол Даиловски ги постави конечните 4:3.

Вчера Проект го декаласираше составот на Црна Река, а пак Шкупи немаше милост кон Шкендија. Енхалон мечот со Јувентус Серава го добива со службен резултат, бидејќи гостите не допатуваа во Струга.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!