ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Арбен Бајрами со хет-трик му донесе убедлива победа на Камјани над Пролетер, Зајази убедлив

Камјани на домашен терен со убедливи 5:1 го торпедираше Пролетер на домашен терен во рамки на 17. коло од Трета лига – Запад.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Херој за домашниот тим беше Арбен Бајрами кој постигна хет-трик и ја обезбеди победата за Камјани, а по еден гол постигнаа Агон Хашими и Енис Бајрами. За гостите стрелец на единствениот гол беше Благоја Даилоски.

Зајази на домашен терен со убедливи 4:0 го доби Трабзонспорт и запиша нов триумф. Шќиприм Руфати беше двоен стрелец за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Ален Думоски и Алтин Арифи. Зајази за само 11 минути игра на стартот од мечот го обезбедија триумфот над Трабзонспорт.

Колото ќе биде комплетирано утре.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!