ОстанатоФудбалФутсал

Арбен Бајрами реагира на одлуката на ФФМ натпреварот со Проект да се игра во Кавадарци!

Дерби мечот меѓу првопласираниот и актуелен шампион Проект и третопласираниот Арбен Бајрами наместо во Скопје ќе се одигра во Кавадарци во Спортскиот центар „Јасмин“, одлука која е донесена од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

Претходно како што објави Спортска Мрежа актуелниот шампион излезе со реакција во која се вели дека се подготвува „екипен трансфер“ на цела екипа од Шкупи во Арбен Бајрами токму пред дербито од 14. коло меѓу Арбен Бајрами и Проект.

Од Арбен Бајрами излегоа со соопштение во кое прашуваат зошто овој натпревар ќе се одигра во Кавадарци наместо во Спортската сала „7 Март“, наведуваат и дека Фудбалската федерација на Македонија без силна причина и без нивна дозвола одлучила натпреварот да се одигра во Кавадарци.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ТУРИЗАМ – КОТВА.МК <<<

Целосната реакција на Арбен Бајрами до Фудбалската федерација на Македонија:

„Натпреварот против КМФ Проект кој се очекуваше да се игра во салата „7 Март“ во недела од 19 часот, македонската федерација без силна причина и без наша дозвола одлучи натпреварот да се игра во Кавадарци. Раководството и играчите на КМФ Проект немаат никаков конфликт со нас како клуб. Немаат аргументи против нас. Неоснованите навреди и „закани“ што ги добија од некого по натпреварот Проект – Шкупи не не засегаат нас, ние сме ослободени од какво било обвинување. Го повикуваме раководството и играчите на КМФ Проект да дојдат и да го одиграат натпреварот како што доликува на шампион. Натпреварот е пријавен во полиција како натпревар со висок ризик. Обезбедувањето ќе биде на ниво.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!