ФудбалФутсал

Арбен Бајрами покажа моќ во дербито со Проект и славеше висока победа

Денес беше одигран третиот натпревар од 1. коло од новата сезона во Првата футсал лига на Македонија.

Во „7-март“ на Чаир пред околу 400 гледачи Арбен Бајрами покажа моќ во дербито со лутиот ривал Проект и зашиша висока победа од 4:2.

Натпреварот тргна доста неизвесно, а првиот гол падна во 18. минута кога Берат Рамадани ја погоди противчката мрежа за водство од 1:0 на полувреме за Арбен Бајрами.

Во вториот дел домаќинот тргна одлично и преку Агим Рамадани стигна до 2:0, а пак Абдил Кадир Јахја и Харис Омеровиќ погодија за водство од високи 4:0 на четири минути до крајот на мечот.

На две минути пред крајот Мирче Стојанов два пати стрелаше и го ублажи поразот на 4:2.

Утре новиот прволигашт Форца дома ќе игра против Јувентус Серава (20:30 часот), додека пак Енхалон и шампионот Шкупи ќе го затворат колото во вторник во меч кој се игра во Струга со почеток од 20 часот.

Колото беше отворено во петокот. Кеги Моби дома загуби од Железарец, а пак Црна Река го доби Карадаку. Извештајот од овие два натпревари можете да го прочитате ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!